Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.
Портпаролот на Владата Душко Арсовски информираше дека веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.
– Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочи Арсовски.