Силни безбедносни мерки – Путин доаѓа на свабда во Австрија – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/18 8:39 AM

Силни безбедносни мерки – Путин доаѓа на свабда во Австрија

Рускиот претседател Владимир Путин ќе биде гостин на свадбата на министерката за надворешни работи Каран Кнајсел во Австрија. Во земјата превземени се вонредни безбедносни мерки по повод свадбата и доаѓањето на Путин на свадбата на шефицата на дипломатијата.

Свадбената церемонија на министерката Кнајсел со бизнисменот Волфганг Мајлингер е закажана во ресторанот „Чепе“ во местото Сулктал, на познатат винска тераса во австриската покраина Штаерска.

По свадбената веселба, Путин заминува во Берлин каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел, а како главни теми на разговор ќе бидат состојбата во Сирија, во Украина, како и енергетските теми.