Ден на жалост во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/18 8:18 AM

Ден на жалост во Италија

41 лице загинаа во уривање на надвозникот во Џенова, а 10 до 20 лица се водат како исчезнати, ова е последната официјална бројка на загинати која пристига од Италија.

Пожарникарите ги пронашле телата на деветгодишно девојче и нејзините родители во смачкан автомобил под урнатиот надвозник.

Денеска во Италија прогласен е Ден на жалост поради жртвите и предвидена е литургија и погреб на загинатите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот Серџо Матарела и премиерот на Италија, Џузепе Конте.

Церемонијата за оддавање почит на загинатите ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија.

Само да потсетиме надвозникот Моранди, дел од автопатот А10 се урна во вторникот. Бетонскиот мост Моранди е изграден во 1967 година, висок е 90 метри и долг малку повеќе од еден километар. Најдолгото растојание меѓу два столба е 200 метри. Целиот мост бил реконструиран во 2016 година.