Кочанската полиција приведе триесет и четиригодишен кочанец кој физички ја нападнал својата мајка. Настанот се случил во нивата семејна куќа.
„На 12.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Е.А.(34) од Кочани затоа што околу 16.00 часот во семејната куќа во Кочани физички ја нападнал неговата 63 – годишна мајка,“ информираат од СВР Штип.
По комплетирање на случајот против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.