Полицаец починал во полициска станица, немало траги на насилство – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/21 2:04 PM

Полицаец починал во полициска станица, немало траги на насилство

Полицаец починал додека бил на своето работно место, во полициската станица во Кочани. Лекарот не констатирал траги на насилство.

„На 12.09.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Кочани, полицискиот службеник М.Ј.(53) од Кочани починал додека бил на работното место во ПС Кочани. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција,“ информираат од СВР Штип.