Мајка ми ја бркаат, нема кој да му помогне на брат ми – Мака на семејство на ковид болен и со Даунов синдром во тетовската болница – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/21 6:00 PM

Мајка ми ја бркаат, нема кој да му помогне на брат ми – Мака на семејство на ковид болен и со Даунов синдром во тетовската болница

Болна мајка со ниска сатурација го моли за помош нејзиниот син кој е застанат наспроти, од другата страна на прозорецот во една од собите од ковид одделенијата во Тетово, каде таа неколку недели е хоспитализирана. Бидејќи тој не може ништо да стори  и двајцата плачат, едниот одвнатре, другиот однадвор.

Ова е само една од секојдневнити тажни слики кои се гледаат пред Клиничката болница Тетово изминативе два дена, откако во ковид центрите од вчера повеќе не се пуштаат семејствата да се грижат за болните, пракса која ја има од почетокот на пандемијата, поради недостиг на медицински кадар.

Семејствата на пациентите велат дека се согласуваат да нема посета во ковид одделенијата за да не се шира заразата, но ако има доволно медицински кадар, а вака без недоволен персонал ковид болните, кои досега ги крепеа роднините, им е тешко сами .

Нашата соговорничка, која побара да биде анонимна за ММС вели дека има и пациенти со посебни потреби на кои буквално им е потребна нега 24 часа. Сестра на дете со Даунов синдром, раскажа со што се соочува нејзиното семејство. Односно како на нејзиното братче му се влошила ситуацијата, откако вчера била избракана од ковид одделението нивната мајка која се грижела за детето со посебни потреби.

-Тој не е добар, ако нема до него никој ја трга маската. Па тој дури и кога има некој со него ја трга и мајка ми мора да е постојано до него и да му ја става. Брат ми има документ дека има Даунов синдром и мора да има придружба. Две сестри се на смена и тие не можат да постасаат, каде попрво да помогнат, кога нема друг кадар. И дома него не смееме да го оставиме, мора постојано со него да бидеме, а не па во болница. Еве и вчера кога ја избркале мајка ми му паднала сатурацијата, се изнервирал и многу му се влошила здравствената состојба, вели сестрата на детето со Даунов синдром.

Мајката ја избркале и покрај тоа што покажала документи, но од болницата им рекле дека се неважечки, Нашата соговорнилка вели дека кога потоа  мајка и  го однела документот дека и таа и таа е позитивнана вирусот, дури тогаш ја пуштиле.

-Мајка ми и татко први беа позитивни, а по неколку дена и брат ми фати, се зарази од нив. Ама не е само мојот брат единствениот случај има и други кои се засегнати, нема кој да се грижи за нив. Јас одам на врата да им подадам нешто за јадење. Тој што немал искуство и мака не знае како е.  Брат ми се нервира и кога прима инфузија, го пржи раката и сака да ја извади иглата. Навистина мора до него некој да има . За такви деца во странство оставаа да се седи, ама тука не. Му благодариме на Бога што и дозволија на мајка ми, бидејќи и таа е позитивна да биде до него, бидејќи да беше негатина немаше да ја пуштат, вели сестрата на пациентот.

Клиничката болница Тетово кубури со персонал подолг период, а состојбата се влоши откако се наполнија ковид одделенијата во пикот на четвртиот бран кој го зафати тетовско. Од болницата од почетокот на пандемијата се со официјален став дека не пуштаат внатре пациенти, но народски кажано изминатиов период им прогледуваат низ прсти, со оглед на немањето на доволно медицински кадар да се грижи за ковид болните. А помошта од нивните семејства им беше добредојдена. Сега вратите за семејствата се затворени, но најава за дополнителен кадар кој би се грижел за пациентите кои се борат со вирусот нема, ниту од болницата, ниту од Министерството за здравство.

Зоран Димовски