Серверот за полнење на терминалите за отпечатоци пристигна порано за да се тестира, рече претседателот на ДИК, Даштевски – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/21 1:13 PM

Серверот за полнење на терминалите за отпечатоци пристигна порано за да се тестира, рече претседателот на ДИК, Даштевски

Првиот човек на Државната изборна комисија, Александар Даштевски го пречека камионот со серверот со десет станици за полнење на терминалите за читање на отпечатоците од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК.

– Серверот дојде една недела порано затоа што оваа операција ни е важна. Треба да видиме дали ќе се полни серверот, како ќе полни и за колку време. Така што полека пристигнува цела операм и за неколку дена ќе имаме нова пратка поголема од 950 терминали така што почнуваме со работа. Ако серверот покаже дека добри работи, ДИК ќе се подготви за едукација на претседателите на избирачките одбори – истакна Даштевски.

 

Тој рече дека било многу добро затоа што веќе серверот е пристигнат и некаде од 28 септември, четири дена откако ќе се заклучи Избирачкиот список, ќе почне да се полни со податоци и тоа ќе трае неколку дена.

На локалните избори закажани за 17 октомври првпат во земјата ќе се применат систем и терминали за вчитување на отисоци од прсти за идентификација на гласачите. За таа цел ДИК склучи договор со германската компанија „Дермалог” која треба да го достави системот и терминалите, како и да овозможи нивно одржување. Првите 200 терминали веќе пристигнаа во земјата, денеска стасаа и серверот, а како што најави Даштевски, сукцесивно до 1 октомври треба да пристигнат и сите неопхдни терминали за изборите.

Орце Костов