Нови мерки во Грција – Оние кои одбиваат вакцинација ќе мора да се тестираат еднаш неделно – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/21 1:12 PM

Нови мерки во Грција – Оние кои одбиваат вакцинација ќе мора да се тестираат еднаш неделно

Во Грција од денеска на сила стапуваат нови мерки против коронавирус кои ќе траат до 31 март, а согласно кои невакцинираните граѓани ќе мора да се тестираат еднаш неделно, а услов за пристап до одредени затворени постории ќе биде вакцинацијата или негативен тест за вирусот.

Согласно новите прописи, сите работници во приватниот и јавниот сектор кои немаат потврда за вакцинација или дека неодамна го прележале вирусот, ќе мора да се тестираат еднаш неделно.

Два теста неделно ќе бидат потребни за луѓето кои работат во академските кругови, туризмот, угостителството и за студентите.

Тестирањето ќе се врши  во приватни установи и трошокот ќе биде 10 евра, освен за учениците кои ќе можат да се тестираат бесплатно.

Невакцинираните ќе можат да одат во кино, театри, музеи и теретани, но само со потврда за негативен брз тест направен во последните 48 часа, а установите ќе имаат право да примаат само вакцинирани гости доколку сакаат.

Маските ќе бидат задолжителни во сите затворени и јавни простории, но и во гужви на отворено.

Потврда за вакцинација, прележан ковид или негативен тест исто така ќе биде потребно за патување со авион, воз, брод или автобус кој сообраќа на подолги релации, за сите над 12 години.