Прекумерното тренирање може да му наштети на вашиот кондициски напредок и да го зголемат ризикот од повреди, особено ако сте почетник во фитнерот – вели светскиот рекордер во пауерлифтинг, Крис Дафин. Во интервју за Инсајдер тој објаснува дека проблемите со расположението и спиењето, но и константната болка се само дел од сигналите дека премногу вежбате и дека е време да успорите или да ја промените рутината.
Напорно вежбате, но нема напредок
Кога ќе престанете да гледате напредок, јасно е дека сте претерале. Ако поминувате часови во теретана, а нема подобрување, вие на вашите мускули не им овозможувате одмор, за да може да зајакнат.
Не можете да ги довршите вежбите или пак да кревате иста тежина како претходно
Ако не го слушате вашето тело, би можеле да почнете да губите од тешко стекнататасила. Дафин вели дека прекумерното вежбање може да предизвика замор на мускулите до тој степен што би можеле да станете премногу исцрпени за да ја завршите вежбата. Време е да ја намалите тежината или бројот на сетови.
Ви се влошило расположението или квалитетот на сон
Ако не напредувате и покрај тоа што одите во теретана, би можело да ви се создаде чувство на фрустрација, а лошо расположение е исто така знак за исцрпеност. Ако не можете да спиете поради тоа што имате болки во текот на ноќта, време е за пауза – вели Дафин.
Чувствувате болка или имате повреди што не поминуваат
Долготрајната болка е знак за прекумерно тренирање и не треба да ја игнорирате. Ако сте претерале, намалете го интензитетот додека не закрепнете. Ако имате повреда или сериозно ограничен опсег на движење, можеби најдобро е целосно да го прекинете тренингот.
По одморот од вежбањето, важно е постепено да се враќате за да го намалите ризикот од повторна повреда, заклучува Дафин.
Фото: Илустрација / Pixabay
Извор: index.hr