Пешак од Велес е тешко повреден откако во него удрило патничко возило „Шкода јети”, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник.
Како што соопшти МВР, несреќата е пријавена вчера во 07.50 часот во СВР Велес, а се случила на улицата „Панко Брашнаров”.
Возилото „Шкода јети” било управувано од полицискиот службеник В.А.(25) од Велес, а удрило во пешакот Д.Т. (75), исто така од Велес.
-Во незгодата Д.Т. здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес, информира МВР.