Вакцината на Модерна штити подобро од делта сојот отколку вакцината на Фајзер – покажуваа истражувањата – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/21 10:19 AM

Вакцината на Модерна штити подобро од делта сојот отколку вакцината на Фајзер – покажуваа истражувањата

Истражувањата, чии резултати се базирани на податоци собрани меѓу 600.000 Американци, покажауваат дека ефикасноста на вакцините почнала да опаѓа откако делта варијантата на коронавирусот стана доминантна.

Едно објаснување за ова би можело да биде дека постепено имунитетот слабее, а друго дека делта сојот на „досетлив“ начин успева да ги избегне замките на имунолошкиот систем, но може да биде во прашање и комбинација на овие претпоставки. Резултатите од студиите покажуваат дека во борбата со делта сојот, од трите различни компании чии вакцини кои се одобрени во Америка, најуспешна е вакцината на Модерна.

Оваа вакцина штити дури 95 проценти, додека вакцината на Фајзер штити 80 отсто, а вакцината на Џонсон и Џонсон 60. Тоа одговара на резултатите и на студијата на клиниката Мејо од август која исто така покажа дека вакцината на  Модерна од делта сојот подобро отколку вакцината на Фајзер/Бионтек.

 

Фото: Илустрација / Pixabay

Извор:   rs.n1info.com