Лозарите дадоа рок на Владата до утре да го преши проблемот со откупот на гројзе – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/21 7:32 AM

Лозарите дадоа рок на Владата до утре да го преши проблемот со откупот на гројзе

Лозарите побараа најдоцна до утре наутро,  проблемот со откупот на грозје и манипулациите со шеќерните единици од визбите да се надминат. Министерството за земјоделство и владата да издејствуваат од винарските визби смедеревката да се откупува по 11 денари за килограм, а картошијата по 13 денари, согласно утврдените критериуми во ценовникот,  што пред некој ден го објави најголемата винарија „Тиквеш“. Ова се заклучоците што ги донесоа лозарите на средба со градоначалникот Митко Јанчев и пратениците Зоран Јованчев и Панчо Минов, откако во саботата се соочија со проблем при откупот. Грозјето им беше вратено и на лозари кои добиле покани за берба.

„Барањата на лозаро пориводители се мно гу реални и апсолутно ова е преживување на змејоделството  и кое треба да го исполниме сите ние што сме на јавни функции“ изјави градоначалникот Јанчев  и е категоричен дека во протестите на лозарите нема никаква политика.

Иако се чинеше дека лозарите годинава пред да ја почнат бербата ќе ја знаат откупната цена,  во саботата попладне од винарската визба „Тиквеш“ поставиле нови услови за октуп на грозјето. Не се примало грозје под 21 шеќерна единица, иако во нивниот ценовник стои дека картошијата ќе се прима со 19 шеќерни единици. Тоа ги изреволтира лозарите кои добиле покани да берат грозје, а кога со полни приколки стигнале до визбата наишле на затворени врати за грозјето со помалку малигани од 21. Револтот ги принуди присутните на протестот да истураат десетина тони грозје пред винарската визба „Тиквеш“.

-Завчера имаше 19,80 малигани и помина. Вчера 20,70, требало 21 и не помина. Сакат без пари да го земат грозјето. Сакаат 25 малигани за да ставаат вода. Покани добивме. Вчера испадна 22,2, сега испадна 20 и го враќаат грозјето. Има истакнато цена дека од 18,50 малигани ќе го примаат грозјето. Кај мене испадна 20 и не го сакаат“ изјавија лозари пристуни на протестот во саботата.

„ Винарската визба „Тиквеш“ и понатаму останува на својата определба дека нема да прави никаков компромис со квалитетот на грозјето што го откупува, затоа што на тој начин се штити и интересот на оние над 2100 лозари со кои Тиквеш веќе има потпишано договори, а кои со макотрпна работа ги исполниле стандардите за квалитет на грозјето што им гарантира и многу повисока цена“  – напишаа во соопштение од винарската визба „Тиквеш“,  од каде најавија дека продолжуваат со откупот на грозје, според утврдениот план.

Ангел Данов