Есенски мафини за среќно семејство – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/21 7:32 AM

Есенски мафини за среќно семејство

Есен е доба кога сите се прибираат дома и се вртат кон кујната. За пополнување на време и изненадување на стомакот ви предлгаме рецепта со префкусни мафини.

-Потребно: 100 гр путер,  100 гр шеќер,  2 јајца, 1 ванилин шеќер,  250 гр брашно,  2 лажички прашок за пециво, 150 гр јогурт,  50 гр мелени бадеми,  2 поголеми јаболка,  цимет по вкус,

Подготовка:

Калапот за мафини обложете го со хартиени корпи. Изматете ги путерот и шеќерот додека не станат кремасти, па додајте ги јајцата, едно по едно. Додадете јогурт и брашно измешани со прашок за пециво и бадеми. Мешајте додека убаво не се соедини. Додадете ги ренданите јаболка и повторно промешајте. Распределете го тестото рамномерно во калапи и печете ги мафините околу 25 минути во загреана рерна на 190 степени. Кога ќе се изладат украсете ги со сецкани бадеми, мелеи ореви или како сакате.

Фото: hr.n1info.com