Во вчерашното интервју во вечерните вести на Телма, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов истакна дека другите кандидати досега не соопштиле никаква понуда за развојот на градот Скопје.
„Не чув, кој што нуди за јавен превоз, кој што нуди за развој на градот, кој што нуди за заштита на животната средина, кој што нуди за решавање на урбанизмот за нашиот град, делот за кој што не успеваме да проговориме е носењето на генералниот урбанистички план, во 2022 година треба да биде донесен.“
Градоначалникот Шилегов најави бришење на јужната обиколница која урбанистички гио преполовува Водно.
„Градот е сериозно отиден напред. Јас најавив и јужната обиколница ќе ја избришам од градот, таа е обиколница што треба да го преполови Водно.“
Исто така, Шилегов најави заштита на оние делови од градот кои се урбанистички девастирани, најавувајќи во тие делови планирање на јавни објекти како паркови, болници, и училишта, а не само станбени згради.
Целото интервју може да го погледнете тука.