Германија пресече: За време на каранти, нема плата за невакцинираните – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/21 4:54 PM

Германија пресече: За време на каранти, нема плата за невакцинираните

Во германската провинција Баден-Виртемберг, во среда ќе стапи на сила мерка според која невакцинираните луѓе, доколку се разболат од ковид и мора да бидат ставени во карантин, нема да примаат плата за тоа време.

Ваквата мерка сакаат да ја преземат и други германски провинции – Северна Рајна -Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија – која стапува на сила од 15 септември.

Министерот за здравство на Баварија, Клаус Холечек, рече дека оние кои не биле вакцинирани и нема здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин.

– Не може општеството да плаќа за нив – рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.

Преземено од: https://www.novosti.rs/