Облачноста ќе се зголемува и кон крајот на денот ќе биде претежно облачно. Во текот на ноќта во југозападните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Утре ќе биде претежно облачно, на југозападот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени. УВ=5
Во Скопје претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 26 степени.
Од понеделник следува период на сончево и топло време.