Почитувани, со голема тага за секоја жртва и за секој член на нивното семејство, ве информирам дека поради оваа морална одговорност која ја чуствувам, давам оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово, соопшти Флорим Бесими директорот на Клиничката болница во Тетово, кој подолг период раководи со оваа установа.
Како што рече загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста.
-Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи.После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна. Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдаат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со Ковид -19.Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле.Со длабоко сочуство и искреност, Фљорин Бесими“, напиша тој во соопштението за јавноста.
Инаку денеска преку својот официјален Фејсбук профил ја соопшти оставката и економскиот директор на Клиничката болница во Тетово Артан Етеми, кој беше и одговорен додека се градеше модуларната болница во Тетово, а информираше и за неколкуте технички пропусит при изградбата на овој објект, чие пуштање во употреба неколку пати се оддолжи, пред се поради пропустите но и проблемите при инсталирањето на централниот систем на кислород во овој објект.
-Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин.Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца.Ја споделувам болката со роднините на жртвите, соопшти Етеми.
Попладневно на новинарско прашање упатено до градоначалничката на Тетово Теута Арифи дали некој треба да поднесе оставка од раководството на болницата по катастрофалниот пожар таа одговори.
Нека заврши процесот на истрагата и да имаме тука неколку одговри кои сите ги очекуваме, одговорноста не е само морална и како таква треба да се понесе, рече Арифи.
Ова се првите оставки по катастрофалниот пожар, кој пред два дена ја зафати модуларната болница, а изгореа 14 лица.
З.Д.