ОВР Ресен до Основно јавно обвинителство Ресен, поднесе кривична пријава протвив Д.Ф (37) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, „незаконитит лов” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.
Пријавениот, на 26.12.2020, со истрел од ловечка пушка му нанел повреди на главата, вратот и градниот кош на Х.Т., со кој биле заедно на лов на место викано „Честак“ во атарот на с.Лева Река, ресенско. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен, а по извршените проверки било утврдено дека ловечката пушка неовластено ја поседувал.
Исто така, по проверките било утврдено дека тој не е ниту член на Здружение на ловци и тој ден немал издадена никаква дозвола за лов.