Ослабел бидејќи нема што да јаде, сочувствува со гладниот народ – Зошто Ким Јонг Ун изгубил многу килограми? – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/21 7:53 AM

Ослабел бидејќи нема што да јаде, сочувствува со гладниот народ – Зошто Ким Јонг Ун изгубил многу килограми?

Северна Кореја организираше парада на „паравоени сили и јавни безбедносни сили“ во Пјонгјанг по повод денот на основањето на 9 септември, објавија утрово државните медиуми.

Лидерот Ким Јонг Ун се појави пред насобраните на полноќ за време на огнометот и „испрати топли поздрави до сите жители на земјата“, објави КЦНА. Според некои медиуми, фотографиите на лидерот на Северна Кореја предизвикале многу реакции, бидејќи покажуваат дека изгубил многу килограми. Според Јутарњи лист, строго контролираните државни медиуми таму ја пренеле и изјавата на неименуван жител на Пјонгјанг, кој изјавил дека е многу загрижен за слабеењето на Ким.

„Гледајќи го ценетиот генерален секретар во таква состојба … Тоа навистина ни ги крши срцата“, рече наводно загрижениот човек.

Едно од шпекулациите е дека на овој начин се спроведува пропаганда во услови на недостаток на храна во Северна Кореја, па на овој начин сакаме да покажеме како саканиот лидер страда заедно со луѓето во такви услови. Но, како и секогаш кога станува збор за Северна Кореја, ова се само шпекулации…

Фото: Твитер