Противпожарни аларми се активираа на Меѓународната вселенска станица откако станицата пријави чад и мирис на запалена пластика.
Се се случило на страната на станицата Ѕвезда што ја изградија Русите, а во тој дел има и простори за живот на астронаутите.
Оваа, се повеќе стара вселенска станица, доживеа серија дефекти со текот на годините, а руски официјален претставник неодамна предупреди за застарен хардвер и неисправни системи.
Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека сите системи се вратени во нормала.
Станицата е изградена во 1998 година.
Откриен е чад при полнење на батериите, а смрдеата на запалена пластика се прошири од рускиот во американскиот дел.
Меѓународната вселенска станица е изградена во 1998 година како дел од заедничкиот проект на Русија, САД, Канада и Јапонија, како и неколку европски земји.
Оригиналниот план беше дека ќе трае 15 години и беше дизајниран според тие параметри.
Извор: Индекс.хр
Фото: Профимедиа