Алегри: Факт е дека ние сме најсилниот тим во Италија, но тоа не е доволно – ММС
ММС

Објавено на: 08/17/18 1:32 PM

Алегри: Факт е дека ние сме најсилниот тим во Италија, но тоа не е доволно

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри одржа прес-конференција пред првиот натпревар на „бјанконерите“ во Серија „А“ за новата сезона против Киево.
Искусниот стратег ја започнува својата петта сезона на чело на гигантот од Торино. Тој очекува голема битка во Калчото годинава.
– Оваа година ќе има многу интересна борба во Серија „А“. Во лигата има многу врвни играчи, еден од нив е Кристијано Роналдо. Ние дефинитивно го зајакнавме нашиот тим, но тоа го направија и нашите ривали. Не би рекол дека оваа сезона ќе биде потешка од минатата, но треба да притиснеме од самиот почеток. Факт е дека ние сме најсилниот тим во Италија, но тоа не е доволно, изјави тренерот на Јуве.
На прашањето дали оваа година конечно тимот ќе ја освои ЛШ, стратегот изјави: „Не може да се каже дека ова ќе биде годината кога ќе ја освоиме Шампионската лигата, освен ако не се пласираме во финалето, како што го направивме тоа во 2015 и 2017 година. За да се случи тоа, ние треба да работиме секој ден и да победуваме во  нашите натпревари. Првата цел е да се излезе од групата“.
Алегри исто така обрна внимание на натпреварот на „старата дама“ против Киево.
– Роналдо ќе дебитира за Јуве против Киево. Можам да потврдам дека и Шчесни, Киелини, Пјаниќ, Кансело и Алекс Сандро ќе започнат од првата минута. Кристијано не е обичен играч. Неговата кариера е доказ за тоа. Сепак, важно е да се знае дека нема да освојуваме натпревари само затоа што е дел од Јуве, рече Алегри.
Италијанскиот специјалист се заблагодари на легендата Клаудио Маркизио, кој официјално го напушти тимот по 25 години со „црниот-белиот“ дрес.
– Благодарност до Маркизио за овие години на верна служба. Тој е одличен играч и одличен професионалец. Морам да кажам дека одлуката за раскинување на договорот беше взаемно договорена, заклучи тој.