Од свадба отишле да разменуваат нежности на бунар и паднале во него – повикувале за помош, сватовите ги спасувале – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/21 6:57 PM

Од свадба отишле да разменуваат нежности на бунар и паднале во него – повикувале за помош, сватовите ги спасувале

Млад пар кој се запознале на свадба во селото Ѓурѓевци во Невесиње, одлучи да се издвои од другите гости со цел да размени нежности, но чинот за малку ќе ги чинеше живот, бидејќи паднале во бунарот прегрнати.

Неименувани момче и девојка од Хрватска, и двајцата по 25 години, станаа тема број еден во хрватските медиуми, откако во јавноста се појави приказна за нивната љубовна врска со бизарен крај. Како што се наведува, се се случило во близина на хотелот во Ѓурѓевци, од каде што дошле.

Нашле место помеѓу празен приватен имот и градска парцела недалеку од хотелот. Еден стар бунар имало до грмушката, покриен со лимен капак, и парот лежел на тој капак во налет на страст. Не траело долго од нивната тежина капакот да попушти и двајцата паднале во бунарот.

За среќа, падот во бунарот длабок четири метри немало трагични последици за љубовниците, а во бунарот имало само околу 30 сантиметри вода.

Девојката и момчето почнале да викаат за помош, и за среќа ги слушнал еден од гостите на венчавката кој бил во хотелската соба. Набргу го пронашол парот и со помош на уште двајца гости ги извлекол од бунарот.

– Во меѓувреме повикавме брза помош, пожарникари и полиција, а кога беа извлечени од бунарот, девојката се пожали дека удрила со главата во циглите од бунарот, додека момчето рекло дека нема повреди. Итната помош ја однела девојката во болница на преглед и, за среќа, таа по,инала само со полесни повреди на главата и веднаш била пуштена дома – изјавиле гостите од свадбатаза „Подравски“.

Откако стана јасно дека се заврши добро, луѓето почнале да се шегуваат на сметка на младата двојка.

– Почнавме да се шегуваме со нив, како нашиот Ромео и Јулија, и тие сакаа да им помогнат на младенците да го оживеат традиционалниот свадбен обичај да одат на вода, што беше извадено од бунарот – на шега рекле гостите.

Извор: Србијаданас.ком