Ова се тажни денови – „Охрид фест 2021“ ќе се одржи без публика и новинари – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/21 4:08 PM

Ова се тажни денови – „Охрид фест 2021“ ќе се одржи без публика и новинари

Поради синоќешната трагедија која се случи во Тетово, фестивалот „Охрид фест 2021“ оваа година ќе се снима без публика, без новинари и без доделување на награди.

-Советот на фестивалот „Охрид фест 2021“ упатува најдлабоко сочувство до семејствата на починатите по трагедијата во Тетово. Сочувствуваме со нивната болка. Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај, нема да има озвучување, а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост. Ова е единствено решение во овие тажни денови, бидејќи изведувачите од целиот Балкан се пристигнати, известуваат од Советот на фестивалот „Охрид фест“.