Прогласена тридневна жалост во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/21 10:00 AM

Прогласена тридневна жалост во Тетово

Советот на општина Тетово прогласи три дена жалост, изјави градоначалничката на градот, Теута Арифи.

“Ние сме во постојан контакт со сите институции кои треба да ја завршат својата работа и кога ќе добиеме потврдни и точни информации истите ќе ги споделам со вас. Да се заблагодарам до сите граѓани и сограѓани на нашата земја, до сите наши пријатели во регионот кои се јавија да ни дадат сочуство и да ни понудат помош. Ова е време кога треба да бидеме сите заедно. Ги повикувам сите институции да ја завршат работата што побрзо“, рече Арифи.

Градоначалничката потврди дека пациентите кои преживеаја дека се во стабилна состојба, но треба да се одржиме уште еден состанок за да им пренесат точно каква е нивната здравствена ситуација.

– Имајќи ја тежината на ситуацијата треба да внимаваме на информации кои би ја отежнале состојбата. Затоа институциите треба да ги најдат причините зошто дојде до оваа несреќа – додаде Теута Арифи.