Најубавата лото дама, Сузана Манчиќ на својот Инстаграм профил сподели фотографија од времето кога почнала да чекори на сцената. И се ќе беше вообичаено, доколку не беше облечена во фустан рачно изработен во Македонија.
View this post on Instagram
„Од некое дамнешно снимање во Македонија, носев рачно изработен фустан, како народна носија, везена и со срма. Особено го сакав овој фустан, го носев во Венециското биенале, го носев дури и за првото извлекување на игрите на среќа-лото. Со некои феноменални италијански чизми … Сега овој фустан е на професионалниот ансамбл „Коло“. Таму треба да биде “, напиша Сузана и ја објави следната фотографија, за која рече дека е направена во средината на 80тите.
View this post on Instagram