Филипче: До сега потврдени 10 жртви во пожарот во болницата во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 09/8/21 10:52 PM

Филипче: До сега потврдени 10 жртви во пожарот во болницата во Тетово

-Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата.Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и граѓаните да не се шпекулира со бројките. Сите потврдени информации навреме ќе ги споделиме, напиша Венко Филипче, министер за здравство, за пожарот во модуларната болница во Тетово.

Премиерот Зоран Заев, кој е на седницата на Кризниот штаб во Тетово напиша:

-Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.
Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.
Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово, пишува Заев.