Почна снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ – Цеца блесна во провокативно издание – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/21 10:24 PM

Почна снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ – Цеца блесна во провокативно издание

Започна снимањето на новата сезона на популарниот натпревар „Ѕвездите на Гранд“. Жирито е во изменет состав оваа година во споредба со минатата.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е нов член на популарниот натпревар. Денес, таа дојде да го сними првото шоу од новата сезона, и го зазеде своето место во жирито меѓу рокерот Ѓорѓе Давид и пејачката Марија Шерифовиќ, истото она на кое седеше нејзината вечна ривалка Јелена Карлеуша.

Иако се шпекулираше дека Цеца ќе седне до нејзината кума Вики Миjковиќ, тоа не се случи.

Што се однесува до правилата за оваа сезона, тие останаа исти. Кандидатите ќе пеат во првиот круг, а жирито нема да може да ги види. На крајот, ѕидот што ги дели ќе се отвори и натпреварувачите ќе можат да видат дали некој од членовите на жирито гласал за нив. И ако некој од жирито тогаш потврди дека сака да биде ментор на натпреварувачот, кандидатот има право да избере во чија група ќе биде.

Оваа година продукцијата се потруди сценографијата да биде малку поинаква. Ние сме навикнати на портокаловата боја да доминира во студиото, сепак, оваа година, се е во син тон со црно.

Цеца Ражнатовиќ, на задоволство на многумина, е засилување на популарниот музички натпревар во новата сезона, додека останатите членови на жирито се непроменети, Ана Бекута, Вики Миjковиќ, Марија Шерифовиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид ќе ги оценуваат кандидатите.

Продукциското жири, како и досега, го сочинуваат Александар Милиќ Мили и Снежана Ѓуришиќ, додека судија во конкуренција е Саша Поповиќ.

Извор: Србијаданас.ком