Откако откри дека пред влегувањето во шоуто „Задруга 5„ раскинала со своето момче, Маријана Зоњиќ за медиумите раскажа како изгледала нејзината кратка врска со пејачот Аца Лукас.
Во својата исповед таа вели дека со турбо-фолк ѕвездата се запознала на свирка во Подгорица, а една вечер побегнала од неговиот стан оти не сакала групен секс.
– Лукас најмногу сака секс со две девојки, но јас не сум за таа варијанта. Сакам класичен секс помеѓу еден маж и жена. Иако тоа му го реков. На крајот повика негова другарка да ни се придружи во креветот. Кога таа стигна, јас избегав. Едноставно, не ме привлекува групниот секс – рече пејачката.
Кога биле заедно Аца Лукас често и зборувал за неговата бивша сопруга Соња, како и за врските со жени од естрада за која не смее да зборува во јавноста.
– Моето семејство побесне кога дозна за нас, но јас сепак продолжив да се гледам со него во неговиот стан – додаде Маријана.
Извор: Mondo
Фото: nadlanu.com/Facebook