(ВИДЕО) Допири, мирис, бакнеж – Зошто цел свет зборува за снимката од актерите на црвениот тепих во Венеција? – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/21 8:11 PM

(ВИДЕО) Допири, мирис, бакнеж – Зошто цел свет зборува за снимката од актерите на црвениот тепих во Венеција?

Џесика Честејн и Оскар Ајзак се актери за кои зборуваат милиони низ целиот свет, а сето тоа поради снимката од црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, која стана крајно вирална.

Овие два шармантни, убави и талентирани луѓе позираа заедно, како двојка од мини-серијата „Сцени за брак“, а пред насобраните фоторепортери и камери се однесуваа како да се, навистина, брачен пар.

Додека убавата актерка ја држеше за рамото на Оскар, тој се сврте кон неа, па ја погали, помириса и ја бакна раката.

Џесика и Оскар се познаваат многу години, уште од познатата школа Џулијар, и токму тоа им помогна кога станува збор за улогите во споменатата реализација.

 

Извор: Србијаданас.ком