Туфегџиќ веќе не е судија во Кривичен суд Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/21 5:07 PM

Туфегџиќ веќе не е судија во Кривичен суд Скопје

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница констатира престанок на судиската функција на судијата Владимир Туфегџиќ, судија во Основен кривичен суд Скопје, по негово сопствено барање.

Судијата Туфегџиќ неодамна информираше дека неговата кариера ќе ја продолжи како адвокат во угледна адвокатска канцеларија.

Судскиот совет на денешната седница донесе и Методологија со индикатори за утврдување на сложеноста на судските предмети, констатираше престанок на судиската функција на Маринела Јакасановска од Основен граѓански суд Скопје поради исполнување на условите за старосна пензија, донесе одлуки за престанок на мандатот на судии поротници во основните судови во Берово и во Струга, а избра петмина нови судии – поротници во Основниот суд во Берово.

МИА