Кичеец имал тахикардија затоа добил одмор од затвор – Управата за санкции со детали околу здравствената состојба на Зоран Милески – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/21 2:30 PM

Кичеец имал тахикардија затоа добил одмор од затвор – Управата за санкции со детали околу здравствената состојба на Зоран Милески

Управата за извршување на санкции информираше за здравствената состојба осудениот Зоран Милески – Кичеец кој пред два дена учеуствуваше во сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево во која едно лице го загуби животот, а повеќемина беа повредени.

Соработникот на Боки-13 и Катица Јанева во случајот „Рекет“ добил одобрување на прекин на издржувањето на казната затвор од 10 август до 9 август откако доставил и специјалистички извештај од лекарски преглед.

Со решение на УИС од 10.08.2021 година, на осудениот Зоран Милески му е одобрен прекин на издржувањето на казната затвор во согласност со чл.225 ст.1 од Законот за извршување на санкциите. Казната затвор која оваа осудено лице ја издржува во КПД од отворен вид Струга му се прекинува во времетраење од 30 дена и тоа од 10.08.2021 година до 09.09.2021 година на кој ден иститот треба да се врати во КПД Струга и да продолжи со издржување на казната. Прекинот од 30 дена не му се засметува во вкупната казна затвор, а истиот му беше одобрен од причина што на Управата за извршување на санкции осудениот кон своето барање за одобрување на прекин поради влошена здравствена состојба, достави и специјалистички извештаи од лекарски прегледи извршени на 06.08.2021 година и на 09.08.2021 година во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања ,,Св.Стефан” во Охрид“, велат од Управата за извршување санкции.

Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка, диспнеја и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со amp.Presolol и amp.Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција.

Дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е ,,Суправентрикуларна тахикардија” и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија. Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено“, додадоа оттаму.

Суправентрикуларната тахикардија не е опасна по живот

ММС побара одговор од стручно лице што всушност значи суправентрикуларната тахикардија (СВТ) и колку е опасна по здравјето и животот на човекот.

„СВТ не е животнозагрозувачка дијагноза. Суправентрикуларна тахикардија се срцеви аритмии кои предизвикуваат несоодветно брз пулс и потекнуваат од преткоморите. Пациентот со оваа дијагноза не може да добие 30 дена боледување затоа што СВТ е ретко опасна по животот“, ни рекоа од Клиниката за кардиохирургија.

 

Орце Костов