Талибанците издадоа декрет пред отворањето на приватните универзитети во Авганистан. Во декретот се наведува дека Авганистанките ќе можат да следат настава само ако носат црна абаја со никаб што го покрива лицето и ќе бидат во групи каде што има само девојки.
Студентките ќе мора да ја напуштат наставата пет минути пред студентите и да седат во чекалните, додека мажите не ги напуштат просториите на факултетот, се наведува во документот објавен од Министерството за образование.
Според декртот универзитетите ќе треба да ангажираат жени предавачи за студентките или „постари учители” со докажан морал.
За време на претходниот талибански режим (1996-2001) поради правилото на немешање на студентки и студенти, речиси сите авганистански жени не беа во можност да студираат.
МИА
Фото: www.hrgrapevine.com