Дејвид Бекам ги соблече гаќите, а Викторија го објави голиот задник на славниот фудбалер – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/21 10:00 PM

Дејвид Бекам ги соблече гаќите, а Викторија го објави голиот задник на славниот фудбалер

Некогашната членка на „Спајс грлс“, сега модна креаторка Викторија Бекам неретко на социјалните мрежи објавува фотографии од своето семејство или луксузниот дом во Англија.

Сега отишла чекор понатаму и на Инстаграм го објавила голиот задник на својот сопруг, бившиот фудбалер Дејвид Бекам.

На фотографијата Дејвид Бекам лебди во базенот со спуштени гаќи, а причината поради која Викторија ја подели интимата на својот сопруг никому не му е јасна.

Поради оваа слика фановите се поделени во коментарите, едни ја бранат одлуката „жените да објавуваат слики од својот сопруг како тој изгледа во даден момент„, а другите пишуваат дека “ова не им требало“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

 

извор: Инстаграм

фото: www.gq.com.mx