Иако принцот открил дека редовно се слуша со кралицата преку видеоповици, одметнатите војвода и војвотка од Сасекс побарале состанок со нивната баба Елизабета на кој би ја носеле и ќерката затоа што главата на кралското семејство се уште не ја запознала.
Меган (40) и нејзиниот сопруг, принцот Хари (40) се надеваат дека кралицата Елизабета Втора (95) ќе ги прими во Велика Британија заедно со ќерката Лилибет Дијана која е родена на 4 јуни, објавија британските медиуми.
Вработените во палатата биле шокирани од оваа вест.
– Луѓето се шокирани. Можеби Меган и Хари навистина сакаат да ја видат кралицата, но чудно е после се што се случи оваа година – велат во Бакингамската палата.
Иако не се знае како кралицата одговорила на нивното барање, многумина се уверени дека таа би сакала да ги види правнуката и правнукот Арчи (2).
Двојката во март годинава на Опра Винфри и даде големо телевизиско интервју кое го следеа милиони гледачи. Тоа се случи на една година откако Хари и Меган одлучија да ја напуштат Велика Британија и да отстапат од кралската должност.
Агенцијата за испитување на јавното мислење ЈуГов овјави дека позитивен став за Меган Маркл имало само 26% од британското население, а негативниот став кон неа го имале 59% од Британците. Меган и Хари никогаш не биле пониско на скалата на популарноста.
Извор: 24sata.hr
фото: Twitter