Дваесет и четиригодишна Русинка Вероника Дичка од Новосибирск никогаш не патува сама. Некој би помислил дека има дечко или пријателка со која е неразделна, но нејзин совозач е ни помалку ни повеќе – хималајска мечка.
Топтижка, како што се вика мечката, мирно седи во совозачкото седиште, а Дишка вели дека никогаш не го вози во кафез.
„Кога патуваме со автомобил, Топтижка се однесува сосема мирно, иако некогаш сака да си игра со сигурносниот појас“, изјави 24-годишната Русинка за Дејли Мејл.
Додава дека тој „секогаш има позитивен став кон патувањата со автомобил поради својата љубопитност.
– Тој е љубопитен, најмногу го интересира воланот. Сака да го пали и гаси светлото со носот – вели Дичка.
Двајцата се сретнале кога неговата сопственичка ја замолила да и помогне околу грижата за мечкта и оттогаш секој ден се заедно. Вероника не се плаши од мечката, туку се чувствува сигурно.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Извор: 24sata.hr/Dailymail.co.uk
Фото: Инстаграм, newsdirectory3.com