(Видео) Автомобилисти два дена седеа на асфалтот и го блокираа патот кон Пониква револтирани од федерацијата – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/21 3:50 PM

(Видео) Автомобилисти два дена седеа на асфалтот и го блокираа патот кон Пониква револтирани од федерацијата

Поголема група на македонски автомобилисти вчера и денеска протестираат седејќи на жешкиот асфалт на патот кон Пониква поради нивното незадоволство од работата на автомобилистичката федерација.

Иако полицијата сакаше да ги отстрани со цел да не го блокираат движењето на автомобилите, возачите беа упорни и мирно седеа на патот пред да почне трката на Пониква на која учествуваа само десет натпреварувачи.

„За сите што седит дома утре помасовни да види Агенцијата за млади и спорт како се прават трки“, истакна Мики Делев од Кастом Кар Рејсинг тимот кој учествуваше на мирниот протест.

– 12 години федерацијата само краде пари и сите имаат кривични пријави. Наместо да имаме 40-50 тимови да учествуваат на трките, сега имате 10 тимови кои се донесени којзнае по која основа. Државата немаше слух за нашиот проблем и затоа протестираме – додаде Мики Делев во изјава за Радио Кочани.

Извори: Фејсбук/Радио Кочани

Фото и видео: Фејсбук профил на Мики Делев