Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП, а носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски.
– Движењето „Одлучно за промени” го објави носителот на листа за Град Скопје, проф. д-р Никола Пановски и кандидатот за Градоначалник на Скопје, Бени Шаќири. Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред се’ и над се’. Луѓе кои ќе обединуваат! – објави лидерот на ЛДП, Горан Милевски на Фејсбук.
Шаќири се чувствувал изневерен од тоа како се води градот во последните четири години и оти тоа му било мотив да се вклучи во трката за градоначалник.
Тој е вториот музичар кој ќе се трка за градски татко по Петар Георгиевски – Камиказа, познат како член на групата Меморија и кандидат со поддршка од политичката партија Левица.
Фото: Фејсбук профил на Горан Милевски