(Фото Галерија) На попишувачите не им требаше да тропнат по 1.000 пати, граѓаните веднаш им ги отворија вратите – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/21 12:48 PM

(Фото Галерија) На попишувачите не им требаше да тропнат по 1.000 пати, граѓаните веднаш им ги отворија вратите

Пописот е организиран преку 50 регионални центри во кои се формирани пописни комисии составени од лица вработени во општините, меѓу кои се секретарите на опшштините. Нивна улога е да ја обезбедат целата логистика.

Сите комисии си ја вршат работата добро. Во овие комисии се наоѓаат и државни интруктори кои се одговорни за споредување на методологијата како што треба. Понатаму, реонските инструктори кои имаат задача да ги контролираат попишувачите, во просек по 10 попишувачи на еден реонски инструктор.  Оваа операција е електронска и секој инструктор може да види кој колку и што сработил во текот на денот. И на крајот се попишувачите кои се најважниот дел од процесот затоа што тие ја вршат целата операција – истакна директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски кој денес беше во населбата Ѓорче Петров во Скопје да види како тече статистичката операција.

За секој пописен круг ќе влегува само еден попишувач, освен во случајот кога некое семејство ќе побара да се попише на јазикот кој попишувачот не го знае.

Во принцип околу 100 до 120 домаќинства во урбаните средини има еден пописен круг кој треба да го покрие.

Оние граѓани што нема да сакаат да даваат податоци ќе добијат прекршочна пријава, но откако ќе се исцрпат сите можности за убедување тие да се попишат.

– Да ве исправам нема кривична пријава за тие што не сакаат да даваат податоци, туку е прекршочна. Нашата намера е да нема вакви случаи. Ние ќе се обидеме на сите можни начини да ги убедиме граѓани да учествуваат и да не одбиваат. Ако мора, таа постапка ќе ја покренеме и пријавата се однесува на сите членови на семејството што одбиваат. Ако некој не ја отвори вратата, ќе му дојдеме по 1.000 пати на вратата – порача првиот човек на Државниот завод за статистика.

О.К.

Фото: Вангел Тануровски