(Видео) Еден загинат, седум повредени во сообраќајката на патот Гостивар – Кичево, сообраќајот во прекин – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/21 5:01 PM

(Видео) Еден загинат, седум повредени во сообраќајката на патот Гостивар – Кичево, сообраќајот во прекин

Едно лице загинало, а засега седум се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево. МВР информираше за сообраќајката, го потврди бројот на загинати, но не и на повредени, бидејки увидот уште трае, а сообраќајот е во прекин.

-Денеска(4 септември) околу 15 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип “мерцедес”, патничко возило “бмв” и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница “Ферид Мурад “за укажувањех на лекарска помош.Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки, информираат од МВР.

Во моментов јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид.

ММС дознава дека во сообраќајната несреќа учествувал и Зоран Милески- Кичеец.

Фото: Твитер