Поради работењето на обиколницата околу Штип последните недели центарот на градот е оптоварен со возила кои транзитираат кон југоистокот на државата. Ова предизвика реакции во јавноста и критики на опозицијата. Според објаснувањето на Бочварски работите на обиколницата ќе траат во наредните два – три месеци, што значи за тоа време ќе има пренасочување на сообаќајот низ Штип.
-Таа обиколница 30 години никој не се реши така темелно да ја реконструира. Не верувам дека граѓаните чувствуваат нервоза, бидејќи по 30-40 години ние ги рехаблитираме сите патишта околу Штип. И патот Штип – Кочани и патот Штип – Радовиш, и автопатот Штип – Скопје и сега влезот на Штип од Скопје заедно со обиколницата. Да, навистина, сообраќајот е поголем сега во градот, но тоа е за два до три месеци, кога потоа ќе имаме модерно и безбедни патишта, нешто што граѓаните го бараат. Динамиката е одлична, така што упатувам апел до граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи ова го правиме за денешните и идните генерации да донесеме нови инвестиции во регионот. Бидејќи со такви патишта какви што ни остави истата таа опозиција сме принудени насекаде да работиме на реконструкција на патишта, рече Бочварски.
ВМРО ДПМНЕ од штип веќе неколку пати реагираше дека со пренасочувањето на регионалниот сообраќај низ Штип се создава голем метеж и се загрозени особено жителите на Ново Село, чии куќи се лоцирани на главната сообраќајница што сега се користи за траназит.