Николов најавува почеток на асвалтирањето на улицата „Панче Караѓозов“ во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/21 3:17 PM

Николов најавува почеток на асвалтирањето на улицата „Панче Караѓозов“ во Штип

Атмосферскиот канал долг 311 метри ја забави динамиката на реконструкцијата на улицата „Панче Караѓозов“, главна артерија во Штип, која води кон две големи населби. Каналот е рекоструиран, а деновове се очекува да почне асвалтиањето на улицата. Ова беше најавено при денешниот увид на работите министерот за транспорт и врски и поранешен градоначалник на Штип, Благој Бочварски и актуелниот градоначалник Сашко Николов.

– Затоа, денес сме тука заедно со вас почитувани штипјани и во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски да соопштиме дека заедно со менаџерскиот тим на министрерството, во координација помеѓу Светската банка и локалната самоуправа каде по утврдената состојба на оштетениот атмосферски канал кој беше со целосна санација, направивме трајно решение е целосна реконструкција на каналот и продолжуваме на асфалтирање на целата улица задно со тротоарите.Оваа важна инвестиција е во вредност од вкупно 2.151.464.00 денари, а е решение на големиот проект од Министерство за транспорт и врски. Денеска сме сите заедно овде да ја започнеме завршната фаза од комплетната реконструкција на Панче Караѓозов, рече Николов.

Се работи на реконструкција на улицата, канализациската и водоводната мрежа, тротоарите и покривање на отворениот канал. Николов најави дека многу скоро ќе завршат работите, бидејќи како што рече, нема никакви нови и непланирани работи.

-Сите работи што беа, отворениот канал чии што води ќе дренираа под асвалтот ако не се санираше се завршија. Останува само активно и агресивно да се работи од страна на изведувачот и се надевам дека наскоро улицата ќе биде завршена, кажа Николов.

Министерот Благој Бочварски најави дека деновиве е започнато и со целосна реконструкција и модернизација на главната крстосница во населбата Сењак кај Топ Инвест, на улиците Сремски фронт и Борис Крајгер“. За двата проекти Министерството за транспорт и врски издвои 21 милиони денари. Бочварски најави дека во Штип со средства од Министерството со кое раководи ќе се реконструираат уште три улици во населбата Автокоманда и тоа улицата „Петти Конгрес”, „ Браќа Даневи” и „Солидарност”, со вкупна инвестиција од 33 милиони денари, за што веќе се обезбедени средства.

– Кога зборуваме за капиталните проекти во Штип, морам да спомнам дека активно се гради браната на Отиња, инвестиција од 306 милиони денари, забрзано се гради обиколницата Штип и главниот влез на Штип од Скопје, втората фаза од експресниот пат од Штип до Радовиш, со вредност од 15 милиони евра, како и изградба на експресниот пат Штип  – Кочани делница Крупиште до Кочани, инвестиција од 18,2 милиони евра. Понатаму преку транспорт и врски работиме на изградба на водоводен систем во населбата Македонка, во тек е тендерската постапка на проект за водоснабдување за населба Каваклија и бројни други проекти кои што централната власт ги реализира во соработка со општината и градоначалникот, рече Бочварски.