Два огромни предизвици се пред Локалните избори во октомври – пандемијата со Ковид и Пописот. Развојот овде може да предизвика протестно гласање. Ова е ставот на аналитичарот Сашо Клековски, кој во емисијата Стадион на Канал 77, рече дека претходните избори беа под влијание на големиот пад на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ.
-Сега секако дека падот на рејтингот на СДСМ ќе влијае и растот на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ. Но, сега ќе одлучува изборот на кандидатот. Во СДСМ има релативно доста градоначалници кои не се кандидирани, што може да се толкува расложување на СДСМ, но и како критика на досегашната работа на градоначалниците. Во големи општини не ги кандиднираа досегашните градоначалници. Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ одлучи да поддржи независен кандидат за Скопје, што заедно со Алијансата ќе значи поместување кон центарот, што исто така е добро за демократијата во Македонија, рече Клековски.
Клековски ги коментираше и бројните независните кандидатури, по пример во Куманово, Скопје.
-Големо и пријатно изненадување се големиот број независни кандидати. За прв пат имаме толку независни кандидати во големите урбани центри. Прво,Куманово каде Максим Димитриевски ќе се обиде да ја освои довербата на граѓаните како незавесависен кандидат, а и во Скопје има независни листи и кандидати. Новина е што има групирање на независните листи на еколошка основа во градови како во Скопје, Тетово и Битола. Се збогатува понудата на нудење на решение на проблемите кои ги тиштат граѓаните. Не случајно овие независни канидати и листи се појавуваат во големите центри, бидејќи екологијата е вториот проблем според граѓаните, заедно со урбаното живеење, кажа Клековски во Стадион.
Што се однесува до тоа кои теми ќе преовладуваат на Локалните избори, Клековски вели дека големите теми ќе влијаат на партиските рејтинзи, но нема да влијаат многу на кандидатите за градоначалници, со тоа што граѓаните повеќе не наседнуваат на мега ветувањата.
-Се изнаслушавме во изминатите 30 години такви ветувања – од милијардата на Циле, до 8 милијарди инвестициски план на СДСМ а сега не можеме ни 200 милиони годишно инвестициски план годишно да спроведеме. Граѓаните не можат да бидат мотивирани дека чуда можат да се направат, туку ќе одлучуваат кандидатите со интегритет, чесност, добри домаќини на нивната општина, дека ќе го зачуваат тоа што до сега е направено. Ке одлучи кој ќе биде подобрар домаќин на нивната општина, кажа Сашо Клековски.
Тој го коментираше позиционирањето на Левица, која како што рече, го констатира падот на рејтингот на СДСМ и еден обем на гласови од незадоволните од владата на СДСМ и во тоа сака да се наметне.
-Во трка за Локални избори не е доволно да имате советничка листа туку и кандидат за градоначалник. Очекувано беше по фаза на профилирање, Левица да излезе на овие избори. Реално прв пат ќе излезе на Локални избори и логично е да излезе сама. Од тука, храбра и очекувана одлука е да излезат со Петар Георгиевски во трката за Скопје,вели Клековски во Стадион, каде оцени дека има доволна понуда и на лево и на десно за граѓаните кои се незадоволни од сегашната ситуација.