Почина работник во Скопје откако врз него паднала бандера – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/21 3:46 PM

Почина работник во Скопје откако врз него паднала бандера

Вчера околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Боца Иванова“ во Скопје, врз Џ.Е.(40) од с.Елово, скопско, паднала бандера додека извршувал работни задачи, по што починал, информираат од МВР.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.