Корупцијата не се исплати, во затвор завршуваат тие што крадат – Промовирана кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/21 12:53 PM

Корупцијата не се исплати, во затвор завршуваат тие што крадат – Промовирана кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски ја промовираше кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ која е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството и порачаа дека Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата

–  Рековме дека ќе донесеме конкретни мерки за враќање на довербата во институциите и ќе креираме опшество ослободено од корупција.  Не постои ситна или голема корупција, ниту пак различен пристап меѓу големата и ситната корупција. Пристапот е единствен, на корупцијата мора да и ставиме крај без разлика од каде доаѓа и кој се нејзините димензии. Мора да им се  застане на патот на сите кои го корупираат општеството, а тоа го можеме самоз аедно. Сега се е јавно, пријавете корупција. Немојте да се плашите од никого, рече Заев и на функционерите им порача:

-Корупцијата не се исплати, во затвор завршуваат тие што така прават и завршуваат засрамени пред своите деца и пред своите пријатели, рече премиерот.

На средбата со новинарите се обрати и Николовски, кој рече:

-Ова е борба во која секој поединец е важен. Резултатите зависат од сите нас и јас очекувам дека сите заедно ќе ја постигнеме целта – институциите да постапуваат координирано и да постапуваат, а граѓаните да пријавуваат.  Мора да се подигне свеста на граѓаните за препознавање и да ги охрабриме да ја пријавуваат корупцијата. Граѓаните да бидат будни, а институиите да бидат под нивен притисок.  Имаме силна поддршка со експертиза и од наши странски соработници и во кампањата ќе биде вклучена и консултантска поддршка од нивна страна. На корупцијата мора да и се застане на патот, рече Николовски.