(ВИДЕО) Се врати АББА, нов албум после 40 години – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/21 7:15 PM

(ВИДЕО) Се врати АББА, нов албум после 40 години

Веќе извесно време се најавуваше враќање на групата АББА, многу обожаватели не веруваа дека оваа музичка група повторно ќе заблеска, но сите ги демантираа со објава на социјалните мрежи, кога потврдија дека повторно се обединуваат.

Она што започна толку хармонично во седумдесеттите години – се скрши во раните осумдесетти години. Фрида и Бени се разведоа, а во 1982 година групата се распадна или – како што рече бендот – направи „пауза“.

Дојде тој ден, музичката група АББА, чии членови се Агнета, Бјорн, Бени и Ени-Фрид, конечно се врати на голема врата на музиката. Подготвени повторно да заблескаат и да го потсетат светот колку навистина е вреден звукот, тие направија нови песни.

Членовите на групата отворија нови профили на социјалните мрежи наречени „ABBA Voyage“, повикувајќи ги фановите да го следат нивниот нов проект.

Поминаа 40 години откако пееја, снимаа песни и одеа на турнеи, многу обожаватели мислеа дека денешниот ден нема да дојде, но оваа група сепак одлучи да израдува многумина. Се работи за пет нови песни – и специјална турнеја: холограмите треба да ги претставуваат членовите на бендот на сцената.

Бени и Бјорн беа првите што се појавија и зборуваа за тоа како го обновуваат бендот, тие исто така рекоа колку е неверојатно за нив да направат нов албум, по 40 години.

„Ги прашав девојките, ајде да направиме песна, ми рекоа ајде, а потоа, ајде да го направиме целиот албум“, возбудено извика Бјорн.

„Неверојатно е што сме овде сега, по 40 години и се уште сме најдобри пријатели кои уживаат да се дружат едни со други“, рече Бени.

Првиот концерт ќе биде во ноември и тоа во Лондон. Втората песна ја нарекоа „Don’t chop me down“.

Извор: Б92.нет

Фото: Профимедиа