За совршен ајвар постои една тајна состојка – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/21 5:46 PM

За совршен ајвар постои една тајна состојка

Времето за подготовка за зимница се ближи. Пиперките веќе се купуваат и се печат, со цел да се подготви ајвар.

Иако повеќето домаќинки имаат свој традиционален рецепт што го следат, понекогаш е добро да експериментирате малку и да додадете некои други зачини, или да додадете нов зеленчук.

На ајварот може да се додаде модри патлиџани, лук или лута пиперка, но најзачинета тајна состојка секако е ренот.

Ако сакате зачинета храна, не заборавајте да направите ајвар со рен. Исто така, не треба да го менувате основниот рецепт ако не сакате. Се што треба да направите е да додадете малку рен во неколку тегли ајвар.

Рецепт за ајвар со рен

Пиперките испечете и излупете ги како и обично. Потоа исецкајте ги или сомелете ги, пржете на рингла или внимателно печете во рерна, мешајќи и додавајќи масло.

На половина од подготовката на пиперките, додадете сол, и само на крајот, изрендајте мала количина рен (на 3 кг папрака, оди околу 300 гр рен) и измешајте во ајварот.

Извор: Магазин.новости.рс