Расте бројот на жртви од поплавите во Њујорк и Њу Џерси. Најмалку 14 луѓе загинаа, а стотици беа евакуирани од возовите на метрото.
Областа Њујорк во четвртокот наутро ја дочекаа поплави, откако рекордниот дожд што го донесоа остатоците од ураганот „Ида“ остави зад себе смрт и материјална штета во неколку американски сојузни држави.
Четиринаесет лица загинаа, а некои од нив останаа заглавени во поплавените подруми во њујоршката област Квинс, кои беа илегално прилагодени во станови.
Торнадо во јужен Њу Џерси ги срамни со земја куќите. Повеќе од 200.000 домови во Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија останаа без електрична енергија, а вонредна состојба беше прогласена во целиот регион.
View this post on Instagram
Стотици луѓе беа евакуирани од возовите и метрото, а итните служби имаа полни раце работа за да ги спасат луѓето заглавени од поплавените куќи и покривите на автомобилите.
Поплавата што го погоди Њујорк и околината ги собори рекордите поставени од тропската бура „Хенри“ пред само 11 дена.
Климатолозите најавуваат дека честите силни бури ќе бидат нова нормалност – потоплиот воздух задржува повеќе вода и овозможува бурите да соберат сила побрзо и да станат поголеми.
Аеродромите беа отворени, но стотици летови беа откажани. Спасувањето продолжи во четвртокот наутро по локално време, а нивото на реките во Њу Џерси и Пенсилванија се уште расте.
Извор: Ртс.рс