Внимавајте: Посредници за работа во Германија измамиле двајца битолчани – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/21 4:36 PM

Внимавајте: Посредници за работа во Германија измамиле двајца битолчани

Вчера во СВР Битола, двајца битолчани на возраст од 37 и 45 години пријавиле дека биле измамени од едно лице, информираат од МВР.

Како што е пријавено, тие во повеќе наврати уплатиле сума од околу 12.000, односно 20.000 денари кон одредена фирма со уверување дека уплатуваат за трошоци за вработување во Германија, но и покрај тоа досега не им била понудена работа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.