Поранешниот долгогодишен македонски фудбалски репрезентативец Артим Шакири е назначен за нов тренер на Шафхаузен, објави швајцарскиот второлигаш на својот официјален сајт.
Шакири (48) доаѓа на местото на поранешниот швајцарски репрезентативец Мурат Јакин, а Шафхаузен ќе биде петти клуб во неговата тренерска кариера по тетовска Шкендија, албанските Кукс и Фљамуртари и Пемброк од Малта.
– Му посакуваме топло добредојде на Артим во Шафхаузен и многу радосни моменти и успех во неговиот нов дом, соопшти швајцарскиот клуб.
МИА