Во саботата на Денот на рударите, беше промовирано новото детско игралиште, како составен дел на Паркот на младите. Со мека подлога и со уникатни играчки, кои веројатно се први на македонскиот пазар, најмладите каменични во саботата уживаа во новиот простор. Како што објаснија од Општината Каменица, деловите од играчките се правени со еколошки материјал, а специјално се набавени од Труција, со цел да се вклопат во идејата за Парк на младите, што го проектираа двајца млади архитекти, по поекло од градот.
Меѓутоа, играта не потраја, бидејќи ноќеска, само пет дена откако беше промовирано, игралиштето било мета на вандали. Денот осамна со уништени реквизити и демолирана подлога.
Овој вандализам е продолжение на дивеењето, кога во неколку дена се уништени три детски игралишта. Пред саммо два дена беа уништени повеќето реквизити на инклузивното детско игралиште во склоп на детската градинка „Бамби“. Не беше поштедено ниту порано изграденото детско игралиште во централното градско подрачје на улица „Пере Тошев“.
Кому му пречат катчињата за најмладите, прашуваат каменичени, кои бараат засилени контроли.